Европските либерали на конгресот во Атина едногласно усвоија резолуција за европската перспектива на Северна Македонија

99

Процесот на проширување на ЕУ мора да продолжи, секоја земја мора индивидуално да се оценува, а веќе на следниот состанок на Европскиот Совет на Северна Македонија треба да и се определи датум за почеток на пристапните преговори со Унијата, без евентуалната промена на методологијата на преговорите да има влијание врз почетокот на преговорите, се заклучоците во резолуцијата за нашата земја, што едногласно беше усвоена на 40-тиот конгрес на Европската Алијанса на либерали и демократи (АЛДЕ), јави дописничката на МИА од Атина.

На тридневниот конгрес во Атина, што завршува денеска, учествува и ЛДП и нејзиниот претседател Горан Милевски кои се иницијатори на резолуцијата, поднесена заедно со над 10 сестрински партии од регионот и ЕУ.

-АЛДЕ се залага за проширување на Европската Унија, а резолуцијата ја разгледаа околу 800 делегати, вклучително и премиери, европски комесари, носители на одлуки, делегати и индивидуални членови на АЛДЕ од цела Европа, вели Горан Милевски.
Според претседателот на ЛДП, оваа резолуција јасно наведува дека нашата земја предничи во исполнувањето на условите и мора да биде индивидуално третирана за своите успеси. Регионот мора да се движи напред, за што во резолуцијата се потсетува Европската Унија на Солунската агенда од 2003 година која го потврдува идното полноправно членство во ЕУ на земјите од регионот.

-Заклучно со Резолуцијата за поздравување се напорите на коалициската влада во Скопје за градење на слободно и демократско општество по долгогодишно демократско стагнација и авторитаризам, напредокот постигнат од нашата држава, како што е наведено во Извештајот за напредокот на Европската комисија од мај 2019 година, Дискусиите и заклучоците на Европскиот парламент, како и парламентите на Германија и Холандија во врска со започнувањето на разговорите за пристапување во ЕУ, објаснува Милевски за МИА.

Според Резолуцијата, нашата земја е единствена на Западен Балкан која има меѓународно ограничени граници и нема отворени проблеми со соседите и во процесот на пристапување во ЕУ, што е посебен успех.

Паралелно, во резолуцијата се искажува несогласување и длабоко жалење што на нашата држава не и беше одобрен почеток на разговорите за пристапување на состанокот на Советот на ЕУ на 18-ти октомври 2019 година.

Учеството на конгресот на АЛДЕ, претседателот на Либерално демократската партија (ЛДП) и министер за локална самоуправа, Горан Милевски со делегацијата на ЛДП целосно му го посветија на лобирање за откочување на евроинтеграциските процеси на земјата. Разговорите со врвни политичари и високи функционери беа искористено за презентација на итна резолуција во која јасно се потенцираат македонските барања да се промени одлуката на ЕУ за добивање веднаш датум за преговори.

На конгресот Милевски имаше средба со премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел, како и со останати партиски соработници од Европа со кои дискутираa за итната резолуција, идните планови и за претстојните избори и поддршката од нивна страна за нашата држава.

-Иднината на нашата држава е во Европската Унија и тоа на сите ни е јасно. Мора да ги убедиме нашите европски пријатели дека поставувањето на пречки на тој пат може да има негативни последици како за нас така и за целиот регион, истакна Милевски.

Претседателот на Либерално демократската партија (ЛДП) и министер за локална самоуправа, Горан Милевски во вчерашното интервју за МИА направено на маргините на конгресот на европските либерали, рече дека поддршката од АЛДЕ е една од најзначајните поддршки затоа што всушност АЛДЕ е во коалиција со Макрон и „кога твоите коалициони партнери ти вршат едногласен притисок дека треба да смениш нешто во твојата политика, тоа навистина е од најголемо значење”.

-Затоа мислам дека оваа резолуција и овој притисок од либералните премиери навистина ќе вроди со резултат кај Франција и особено кај Макрон, рече Милевски и изрази надеж дека со поддршката на либералните премиери, Франција ќе попушти и ќе можеме до крајот на годинава да се надеваме дека одлуката ќе биде променета и сепак ќе добиеме датум за преговори.

Во разговор со дописничката на МИА од Атина, објасни дека она што е многу важно е што АЛДЕ сака да ги одвои овие двете држави, да не се зборува за пакет, туку да се зборува за датум за Северна Македонија и датум за Албанија.