Европските Зелени бараат ЕУ да одобри старт на преговори со Северна Македонија во октомври

48

Партијата на Зелените во ЕУ се огласи преку соопштение со поддршка за отворањето пристапни преговори со Северна Македонија во октомври, ден по посетата на Доналд Туск на Скопје.

Копретседателите на партијата, Рајнхард Бутикофер и Моника Фрасони ги поздравија пораките што ги упати претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, од Скопје.
Туск, по средбата со премиерот Зоран Заев истакна дека Северна Македонија го сработила својот дел и дека на потег се сега земјите членки на ЕУ да дадат зелено светло во октомври за почетокот на пристапните преговори.

Северна Македонија ги надмина очекувањата со тоа решавањето на долгиот и горчлив спор со Грција и со обидите да се стави на поотворен, толерантен и про-европски пат, порачуваат Зелени на помалку од еден месец од клучниот Совет на кој земјите членки ќе одлучуваат за почетокот на преговорите со Македонија.

Огромните напори вложени од македонска страна треба да бидат наградени, сметаат Зелените.

Јасно е дека иднината на Северна Македонија припаѓа во ЕУ, на лидерите на ЕУ е сега гласно да го одобрат овој чин на политичка храброст и да гласаат за отворање на пристапните преговори во октомври, бараат Бутикофер и Фрасони.