Европските авиокомпании бараат олеснување на правилата за борба против климатските промени

45

Алијансата на европските авиокомпании и аеродроми денеска повика на промени во планираниот закон на Европската унија за борба против климатските промени, велејќи дека тоа ќе ги направи помалку конкурентни од странските ривали, јави Танјуг.

Што се однесува до воздухопловството, сектор за кој се верува дека е одговорен за до 3,0 отсто од глобалните емисии, Европската унија во јули минатата година ги претстави плановите да вклучи построги правила за емисиите на CO2 и употребата на синтетички горива, како и воведување данок на керозин.

Групацијата целосно го отфрла данокот на керозин и предлага таксата за заштита на животната средина да се применува на целата рута на летот, а не само на т.н. фидер летови, односно на пократки меѓународни линии за превоз на патници од ЕУ до меѓународни центри како Истанбул или Дубаи, каде потоа „фаќаат“ летови на долги релации.