Европскиот суд за човекови права ја осуди Турција за апсење на прокурдскиот опозиционер и повикува на негово ослободување

32

Големиот совет на Европскиот суд за човекови права строго ја осуди Анкара во случајот на прокурдскиот лидер Селахатин Демирташ, затворен од ноември 2016 година во турските затвори и притоа повика на негово „итно ослободување“, јави дописникот на МИА.

-Судот утврди неколку повреди на (Европската) Конвенција за човекови права и нареди итно ослободување на Демирташ, поранешен претседателски кандидат и еден од главните ривали на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, посочи пан-европскиот суд во соопштението за печатот.

Извор:МИА