Европскиот парламент бара воведување универзален полнач за мобилни

85

Пратениците во Европскиот парламент ја повикаа Европската комисија во интерес на потрошувачите и заштитата на околината да го забрза воведувањето на универзален полнач за сите мобилни телфони и другите преносни електорнски уреди. Од Унијата се надеваат дека на овој начин ќе се помогне да не се создава толку електронски отпад, а и самите корисници да бидат позадоволни.

Годишно се фрлаат повеќе од 51.000 тони електронски отпад, од кои најголем дел се стари полначи за телефони, велат од ЕУ.

Европската унија верува дека оваа акција ќе го подобри квалитетот на животот на корисниците, кои повеќе нема да треба да купуваат нов полнач секогаш кога ќе купат нов телефон.

Од Apple сметаат дека стандардизацијата на полначите нема да донесе никакви промени во количината електронски отпад. Секој кој поседува паметен телефон ќе треба да го фрли стариот полнач за да купи универзален.

Повеќе милијарди корисници моментално користат полнач на Apple. Ако го земе предвид тоа, корисниците на iPhone сами би создале нов проблем со купишта електронски отпад.