Европската Комисија ќе ги следи судските предмети во Македонија

99
epa07025154 Citizens pass by large EU (L) and the Macedonian (R) flags during the march for European Macedonia in the center of Skopje, the Former Yugoslav Republic of Macedonia, 16 September 2018. The march is in support of the referendum scheduled for 30 September following the Prespa name agreement between Greece and FYROM (Macedonia). EPA-EFE/NAKE BATEV

Европската унија се подготвува за мониторинг на судските процеси кои ја опфаќаат високата корупција и организираниот криминал во Македонија, што ќе помогне во подготовката за спроведување на најавуваниот ветинг во правосудството, подобрувањето на правдата и враќањето на довербата кај граѓаните, објави „360 Степени“.

„ ЕУ односно ЕК реши да го финансира проектот кој ќе почне годинава и ќе трае околу 3 години. Проектот за целиот регион ќе чини 6 милиони евра. ОБСЕ ќе го имплементира, разговараме со ОБСЕ зашто тие имаат искуство во набљудувањето судски случаи, што значи дека ОБСЕ ќе биде партнерот што ќе го врши мониторингот“ вели евроамбасадорот Самуел Жбогар. 

Тол вели дека деталите се договараат во моментот помеѓу Европската Комисија и ОБСЕ и дека се уште е рано да се сподели бројката на предмети што ќе бидат опфатени, како и дека проектот ќе почне годинава без да се прецизира датумот на почетокот.

Од Министерството за правда потврдуваат и велат дека станува збор за регионална иницијатива, поради што ќе треба да се почекаат и останатите држaви од соседството. Од таму велат дека Македонија веќе дала согласност за овој процес.

„Се надеваме дека овој проект прво ќе му помогне на судството самото да се подобри и да го подобри испорачувањето на правдата, се надеваме дека ќе ја зголеми довербата на граѓаните во судството и нам ќе ни помогне во подобро проценување како да му помогнеме на судството подобро од тоа што го правеле надлежните или ние самите“, додава Жбогар, кој вели дека сепак ќе се внимава да не се наруши принципот на немешање во независноста на судството.