Европската комисија предлага нова категорија возила со мотори со внатрешно согорување

263

Европската комисија денеска го претстави нацрт-планот за да се дозволи продажба на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување кои работат само на е-горива, кои не испуштаат јаглерод диоксид, во обид да се реши спорот со Германија за постепено укинување на автомобилите со внатрешните согорување од 2035 година во ЕУ.

Во нацрт-предлогот, до кој дошол Ројтерс, предложено е воведување нова категорија возила во ЕУ за автомобили кои се напојуваат само со горива без јаглероден отпечаток, вклучително и „систем за поттикнување на полнење гориво“ што ќе ги спречи автомобилите да стартуваат доколку во резервоарот се најде гориво што содржи јаглерод.

Предлогот може да им понуди на производителите на автомобили да продолжат да продаваат возила со мотори со внатрешно согорување и по 2035 година, кога законот на ЕУ треба да ја забрани продажбата на нови автомобили што емитуваат CO2.

Сепак, германското Министерство за транспорт ги изненади другите земји овој месец со покренување приговори на законот во последен момент, неколку дена пред конечното гласање за негово стапување во сила, наведува Ројтерс.