Сезоната во Формула 1 само што заврши, а веќе започнаа и подготовките на новата. Додека тимовите ги тестираат своите болиди во Абу Даби, организаторите подготвуваат терен за следната сезона, а најмногу работа има околу патеката во Холандија.

Имено, од 2020 година најбрзиот октагонски цуркус ќе гостува на патеката „Зандворт“, прв пат од далечната 1985 година. Поради тоа неопходно е да се направат две дополнителни кривини, да се зголеми капацитетот на трибинскиот простор, како и некои дополнителни недостатоци.

  • Со новите надградби и модификација на патеката, „Зандворт“ ќе биде најтешката и најубавата патека во Европа, а можеби и во светот, истакна директорот на трката за Големата награда на Холандија, Јан Ламерс.

Инаку, трката за ГН на Холандија ќе се вози на 3 мај.