Европа воведува нови правила за интернет трговија

199

Од јануари следната година ќе стапат во сила нови правила за онлајн трговија кои ги воспоставува Европската Комисија (ЕК).
Целта е меѓународните власти да можат подобро да ги заштитат купувачите кои купуваат преку интернет.
Со правилата треба да се добие подобар пристап до онлајн пазарот, односно до сите производи кои бизнисите со е-трговија ги нудат во ЕУ, како и да се елиминираат непотребните бариери меѓу земјите и неоснованите барања што ги наметнуваат некои компании.
Законите ќе оневозможат пристап на веб страници и социјални медиуми кои направиле измама на потрошувачи. Друга новина е и тоа што ќе може да се побара и информација од интернет провајдери и од банки со цел да се открие идентитетот на трговците кои се служат со измами.