Челницита на Евролигата не се откажуваат од идејата сезоната да се доигра, а имаат уникатен план за преостанатите 78 натпревари.

Шпански „Ел Паис“ објави дека сериозно се размислува сите преостанати мечеви за оваа сезона да се играат во еден ист град, а услов е таму да има најмалку две кошаркарски сали со сите непопходни услови. Би се играло малку повеќе од еден месец, односно пет недели, а рестартот би бил во јуни, за сè да заврши следниот месец, во јули.

Кошаркарите би имале период од 15-тина дена за подготовки, а потоа би почнал историскиот циклус од 78 меча само во еден град.

Засега се бара решение за домаќин, а како опции „Ел Паис“ ги наброи Москва, Атина и Истанбул.