Денеска стартува новата сезона во Евролига со натпреварот меѓу Анадолу Ефес и Зенис, меч кој ќе започне воп 19:30 часот. Последната сезона беше прекината пред крајот на регуларниот дел и на крајот беше донесена одлука да не заврши на паркетот и минатогодишните учесници да се натпреваруваат за титулата во Европа претстојната сезона.

Пандемијата на коронавирусот сè уште е проблем, тимовите ќе мора редовно да ги тестираат своите играчи, а проблемот е јасно дека секоја земја има свои правила во борбата против Ковид-19.

Од Евролига се подготвени за најлошото сценарио, свесни се дека најверојатно ќе има откажувања на натпревари, но доколку има премногу проблеми во организацијата, постои можност сезоната да заврши во таканаречен „меур“.

  • Мислам дека оваа сезона сите ќе видиме некои работи што не ги правевме во претходните сезони. Ако ситуацијата стане апсолутно критична, подготвени сме да ја завршиме сезоната во “меур”. Бевме подготвени за такво сценарио минатата пролет, во мај, но главната причина зошто тоа не се случи беше неможноста на тимовите да се движат меѓу земјите поради проблеми со воздушниот сообраќај. Подготвени сме за најлошото, иако се надеваме на најдоброто, истакна првиот човек на Евролига, Жорди Бартомеу.

Значи, подготвен е планот на Евролигата за играње натпревари на затворен турнир, како што направи НБА-лигата во „Дизни Ворлд“ светот во Орландо.

Некои од локациите може да бидат Каунас и Валенсија, во тие сали се одржуваа подготвителни турнири под покровителство на Евролигата, и се чини дека тие беа проверка и подготовка за сценариото за играње во „меурот“.

Се надеваме дека тоа нема да се случи и дека сè ќе оди во најдобар ред, така штом ќе ја видиме публиката во салите низ Европа, засега ќе има навивачи во само четири земји, Русија, Литванија, Италија и Франција.

ЦСКА, Химки и Зенит ќе можат да играат пред полуполни сали, како и Жалгирис, додека во Италија е правило дека може да се седи на секое четврто место. Во Франција е дозволено присуство на 1000 навивачи.