Марија Шерифовиќ, евровизиската ѕвезда и поп-пејачка која не ја забораваме поради победничкиот хит „Молитва“, повторно вели дека ни една победа не може толку да ја израдува колку веста да биде мајка. Но, не по природен, туку по вештачки пат. За деталите не раскажува, освен дека сака брзо да се случи такво нешто, дека посакува да има деца и дека во потрагата по маж доброволен дарител, изгубила многу време, но и трпение. Најнестрплива е идната баба – нејзината мајка, пејачката Верица Шерифовиќ.
– Многу ви е незгодно прашањето за тоа како би се чувствувала како идна баба. Нормално дека многу се радувам на тој момент, кој, веројатно, се ближи. Марија постојано бараше да ја најде вистинската личност со која ќе го гледа детето, но бидејќи не се случи тоа, и веќе има 37 години, реши да биде самохрана сурогат-мајка. И затоа ќе забремени по вештачки пат. Мене сето тоа ми е ОК, со самото тоа што Марија се одлучила на еден ваков важен чекор. Доста ѝ е од концерти, ТВ-настапи, турнеи, треба да се сврти кон семејството – вели Верица, идната баба, која целата, се чини, е претворена во насмевка и радост. (Д.М.)