Патрис Евра ќе стане татко. Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед и Јувентус самиот ја објави убавата вест. Тој тоа го направи со иронична фотографија со својата сопруга Марго Александра.

  • Подготвен сум да го земам плодот на нашата љубов, напиша тој на социјалните мрежи, а неговата понежна половина додаде: „Татко ти е подготвен да те земе“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Patrice Evra (@patrice.evra)

Врската на Евра со данската манекенка ги шокираше сите пред неколку месеци. Поради манекенката, која е 14 години помлада, тој скандалозно ја исфрли од својот живот сопругата Сандра.

  • Тој ми рече дека оди на двонеделно службено патување, но повеќе не се врати, изјави измамената Сандра за „Сан“.

Неговата сопруга не можела да го контактира на никаков начин се до 4 март, поради што поднела барање за развод.

  • Тој дури и немаше храброст да ми каже, изјави Сандра, со која има две деца.

Неколку дена по разводот со Сандра во ноември, Французинот и предложи брак на Марго Александра. Очигледно уште тогаш чекале дете, судејќи според напредната бременост.