ЕВН Македонија избран за Универзален снабдувач со електрична енергија

53

 ЕВН Македонија е избрана за најдобар понудувач на јавното електронско поддавање на тендерот за избор на Универзален снабдувач со електрична енергија.

ЕВН Македонија понудила најниска маржа од 11,5 проценти.

Согласно Законот за енергетика компанијата што ќе биде избрана за универзален снабдувач,  ќе треба да формира посебна компанија што ќе врши дејност универзален снабдувач, но дотогаш ЕВН Македонија АД Скопје ќе ги снабдува малите потрошувачи и домаќинствата по цени што ги определува РКЕ. На таа компанија РКЕ ќе ѝ издаде лиценца за снабдување со електрична енергија со обврски што се однесуваат на универзалниот снабдувач.