Еве зошто има толку прегледи на ТикТок: Се видела на фотографијата на сопругот 15 години пред да се запознаат (ВИДЕО)

292
Животот понекогаш знае да „си поигра“ со нас на многу убав начин.
Една девојка сподели интересна приказна на социјалната мрежа Тик Ток, а тоа и се случи само неколку дена пред нејзината венчавка, пишува Сан.
Се започнало кога Аилиз Замбрано од Еквадор гледала фотографии од нејзиниот иден сопруг кога бил момче и забележала нешто неверојатно. Таа се забележала на фотографија на нејзиниот сопруг 15 години пред да се запознаат.
Во позадина на една од сликите, снимена пред 15 години, можете да ја видите младата Аилиз како гледа во момчето. Тогаш не можела ни да сонува дека всушност го гледа својот иден сопруг Педро.
– Не се сеќавам на ништо на фотографијата, бидејќи бев девојче и не го познавав. Еден ден отидовме кај свекрва ми и ја замолив да ми покаже албум со фотографии од мојот сопруг од мал и тогаш ја откривме фотографијата – со неверување вели Аилиз, пренесува The Sun.
– Бевме тотално изненадени, не можевме да поверуваме, не исполни со страв, среќа. Неверојатно е дека фотографот го запре на сред парада токму во тој момент кога се појавувам и го гледам.
Поради толку симпатична приказна, нејзиното видео набрзо доби над 9 милиони прегледи и 500.000 лајкови, оставајќи многу корисници на TikTok воодушевени

 

@ailizmelinazambrano

#queesesoooooooooooooooooooooo #viral #parati #fyp #coincidenciasdelavida

♬ el que use este audio es normal – Ntsl