Еве ви ја ложата за пет долари

94

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс игра многу променливо во текот на сезонава во НБА лигата, иако во своите редови во текот на летото пристигна еден од најдоминантните кошаркари на денешницата, Леброн Џејмс.

Од почетокот на сезона тимот на „езерџиите“ со игрите кои прикажува ги доведува до лудило своите навивачи кои сега размислуваат дали нивниот омилен тим воопшто ќе игра во плејофот. Во последните пет натпревари Лејкерс претрпе четири порази, поради што познатиот рапер, Снуп Дог, одлучи да го понуди своето седиште во ВИП ложата за цена од пет долари, бидејќи не сака да го гледа измачувањето на тимот од Лос Анџелес.

Резултати: Бруклин – Далас 127:88, Мајами – Атланта 114:113, Сан Антонио – Денвер 104:103, Феникс – Милвоки 114:105, Јута – Њу Орлеанс 112:115, Сакраменто – Њујорк 114:108, ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс 105:113.