Легендарниот руски ракометен тренер Евгениј Трефилов, заразен е со коронавирусот, заради што итно е хоспитализиран во една од московските болници. Неговата состојба засега е стабилна, јавија руските медиуми.

Имено, претседателот на Руската ракометна федерација, Сергеј Шишкарев, платил Трефилов од родниот Краснодар со неопходна медицинска нега да биде пренесен во руската престолнина.  Искусниот ракометен стручњак е пренесен во Москва, бидејќи во Краснодар состојбата со заразени од коронавирусот е толку многу критична и неизвесно е дека таму би ја добил соодветната нега. Трефилов би требало да го предвоси стручниот штаб на женската ракометна репрезентација на претстојното Европско првенство во декмври годинава, во Данска и Норвешка, нормално доколку натпреварувањето не биде одложено.

  • Јас сум некој кој е навикнат на дисциплина, така што нема да зборувам многу, без разлика на тоа што го мислам. Не сакам луѓето премногу да се грижат. Сите тестови кои ми ги направија се повторени, чекам резултати. Докторите велат дека болеста може да се повлече без последици, но проблемот е во тоа што имав многу операции претходно и тоа го зголемува ризикот. Не е време за шега, но моменто се чувствувам добро, дури и температурата не ми е висока. Само многу ми е чудна оваа ситуација, околу мене има луѓе облечени како космонаути. Во секој случај ќе се борам до крај, нема да се откажам, порача „Краснодарскиот волк“ од московската клиника.