Евакуиран трговски центар во Белград

942
Трговскиот центар во Белград на улица Воислав Илиќ е евкауиран, бидејќи се огласил алармот за тревога. Граѓаните прво помислиле дека станува збор за дојава за бомба, меѓутоа, како што за медиумите потврдиле од српското МВР -алармот се огласил случајно.

„Нема простор за паника. Се е во ред, алармот за тревога се огласил случајно“, кажале од српското МВР.

Претходно на страницата Мој Белград е објавена вест за евакуација на трговскиот центае и сомнежи дека станува збор за бомба.

„Нешто се случува во Бео шопинг ценатрот, луѓето почнаа да трчаат, никој не знае што е. Веројатно повторно некоја дојава за бомба“, се наведува на страницата Мој Белград.
Оваа страница објави и фотографиии од луѓето како го напуштаат трговскиот центар.