Ебенезер Плејс – најкратката улица на светот

91

Ебенезер Плејс (Ebenezer Place) во градот Вик во Шкотска е накратката улица на светот, пишува во Гинисовата книга на рекорди. Се протега на само 2,5 метри и има само една адреса – број 1. Тоа е влез во бистрото во рамките на хотелот Мекејс (MacKay’s Hotel), што се наоѓа таму.

Хотелот е изграден во 1880 година на необична раскрсница на улицата Унион ривер, оставајќи еден краток дел којшто не припаѓал никому. За да им се олесни снаоѓањето на луѓето во просторот, градските власти го замилиле сопственикот на хотелот на тој најкраток дел на зградата да стави натпис Ебенезер Плејс 1.

Ебенезер Плејс официјално е означена како улица во 1887 година и вака останала до денеска. Претходниот рекорд за најлратка улица го носеше Елгин во Бакуп, Ланкашир, којашто е долга дури 5.2 метри.