Д-р Пановски: Бројките не се добри, треба да му се каже на народот што го очекува

– Крајно време е да се направи план, сценарио и да му се каже на народот што го очекува ако продолжи да не ги почитува мерките, бидејќи доаѓа период кога сите луѓе што се на плажите, на планините и парковите сакале не сакале ќе мора да се соберат во затворено. Податоците говорат дека на отворено вирусот многу послабо се шири за разлика во затворен простор, изјави проф. д-р Пановски, кој смета и дека градинките мора да почнат да работат бидејќи децата во истите установи се во една група и можат полесно да се контролираат.

393

Сто и два нови случаи заболени од ковид-19 и пет починати во последните 24 часа, објави вчера Институтот за јавно здравје, кој додаде дека биле направени вкупно 1356 тестирања. Починати се пациенти од Скопје, пациент од Кичево, пациент од Куманово, пациент од Прилеп и пациент од Штип.

Според тестирањата и натаму најголем број новозаболени се од Скопје 39, па следуваат, Куманово 11, Штип 13, Прилеп 3, Тетово и Струга по двајца, Битола 6, Охрид и Кавадарци по тројца, Гостивар 8, Свети Николе 3, Кичево 4, а Радовиш, Кочани, Демир Хисар, Македонски Брод и Виница 1. Вчера Институтот за јавно здравје регистрира 99 оздравени пациенти.

Бројките не се добри. Ни најголемите песимисти не ги очекуваа. Институциите сега некако како затворени да се во последно време. Треба на населението да му се објасни евентуалната стратегија. Големиот број на случаи е една од причините на големата смртност. Друго е и дека доцна се јавуваат, а трето е дека инфективните одделенија и не биле доволно развиени во државава. Нелогичноста е и главен центар да биде „8 Септември“, кој има тројца инфектолози во однос на 26 во Клиника. Тоа се дел од причините, изјави вчера во „Утрински брифинг“ еден од врвните микробиолози во земјава, професор д-р. Никола Пановски.

Ние со години ги имаме интрахоспиталните инфекции кои со години ги криеме. Имаме голем процент на бактериски пневмонии кои се добиваат под вентилација. Трета работа е што Македонија, а и балканските земји имаат многу отпорни бактерии во однос на другите земји – причина е што повеќе се даваат антибиотици и затоа се порезистентни. И, на крај, кај нас сè се пишува дека умрело од ковид. Тоа посмртно тестирање воопшто не е потребно, изјави проф. д-р Пановски.

– Ако ја исклучиме Србија, која крие резултати, а веројатно процентот на бројката е слично како кај нас, сметам дека е време за анализа и да се престане со тоа дека ние сме најдобри и одлично се справуваме. Анализа е потребна за да се знае што понатаму, да се признае што било добро, кои биле грешките. Имаме многу неискористен кадар во земјата што новата Влада ќе мора да го искористи. Да го земеме Медицинскиот факултет како институција, ние имаме десетина епидемиолози кои можат да прават анализи зошто се ова се случува, како се шири, како да се заштитиме итн. На мојот институт има 13 доктори на науки кои не се вклучени во никаква лабораториска активност и дијагноза. Да не зборувам за инфектолози, биохемичари, имунолози, патолози кои сега се слободни и можат да работат, вели проф. д-р Пановски.

– Крајно време е да се направи план, сценарио и да му се каже на народот што го очекува ако продолжи да не ги почитува мерките, бидејќи доаѓа период кога сите луѓе што се на плажите, на планините и парковите сакале не сакале ќе мора да се соберат во затворено. Податоците говорат дека на отворено вирусот многу послабо се шири за разлика во затворен простор, изјави проф. д-р Пановски, кој смета и дека градинките мора да почнат да работат бидејќи децата во истите установи се во една група и можат полесно да се контролираат.

Сметам дека во најрано во октомври па до јануари ќе се почне со вакцинација. Мојот став е да се започне со ризичните групи. Тоа би било за два месеца околу 300-400.000 луѓе и тука треба да се запре. Исто така сметам дека не треба да бидат вакцинирани бебињата и децата, да не биде задолжителна и да биде бесплатна, доброволна со приоритет на постарите и ризичните групи, изјави д-р Пановски.