Според д-р Сузана Николовска   директор на Клиниката за дерматологија кожниот карцином не боли, но може да настанат  промеми коишто се како ранички што не заздравуваат , темно пигментирана промена, бемка која се променила по димензии или боја, промена која ве чешка…тоа се знаци кога треба да се јавите на дерматолог .Таа препорача  бемките да не се чепкаат, а кај семејствата во коишто некој имал меланом се орепорачуваат контролни прегледи на секои шест  месеци или на една година.

 

Алармантни податоци од  Скопската  Клиниката за дерматологија каде кај 11 годишно дете било дијагностицирано рак на кожа. Како што информираше директорката  на оваа клиника д-р Сузана Николовска  претходно детето го лечело  доктор кој не е дерматолог со друга дијагноза, но за среќа младиот пациент по нивното лекување е во добра задравственна состојба.

-Ова момче е дел од младата популација кај која сѐ почесто е присутен ракот на кожа, а како ризик фатор е соннцето и генетиката-предупреди д-р Николовска и укажува дека треба да винаваме да не се изложуваме многу на сонце без коситење на креми со заштитен фактор.

Д-р Николовска алармира дека инциденцата на кожниот рак е во пораст, па  граѓаните ако забележат било каква промена на кожата или поромена кај бемките да се јават  на кожен лекар, посочувајќи дека на Клинирата за дерматовенерологија  располагаат со нова и современа апаратура за рана дијагностика на болеста.

Таа посочи дека во светот користењето на солариумите е забрането за лицата под 18 години и најави дека во соработка со министерството за здравство и кај нас се подготвува слична законска регулатива .

-Кожата е скапоцена за сите нас, меѓутоа треба да  уживаме на сонцето под сенка. Во минатото малку се обрнуваше внимание на заштитата од сонце и тоа не само кога се оди на одмор, туку и во секојдневните активности како што е земјоделието, меѓутоа и спорување надвор или работење во градина- објасни д-р Николовска.

Таа  алармираат секогаш кога  граѓание  ќе забележат некаква промена на кожата да се јават на лекар.

– Можеби после 50-та година се многу чести и за среќа најчесто се нормален знак за стареење на кожата.Кожниот карцином не боли, промените коишто се како ранички што не заздравуваат, темно пигментирана промена, бемка која се променила по димензии или боја, промена која ве чешка…тоа се знаци кога треба да се јавите на дерматолог – препорачува д-р Николовска .

Според неа во Австралија 90 проценти од меланомите се детектираат во прв стадиум и тие имаат нормален век на живеење. Во Европа е 80 проценти.  Таа препорача  бемките да не се чепкаат, а кај семејствата во коишто некој имал меланом се орепорачуваат контролни прегледи на секои шест  месеци или на една година.

Под покровителсто на Здружението на дерматовенеролози денеска во Градски парк беа организиранибесплатни прегледи на кожа  за граѓаните.

За професорот д-р Андреј Петров, кој  што е претседател на Здружението на дерматовенеролози  сонцето е докажан канцероген, затоа апелира  да се користити заштита од сонце, за да се  превенира рак на кожа.

– Аапелирам на што почести посети на дерматолог за да можеме заедно да ставиме крај на растечката инциденца на овие тумори. Македонија влегува во инциденцата 4+ ако ја гледате мапата на меланом во светот. Мораме да преземеме мерки, бидејќи инциденцата порано беше  меѓу 2 и 3 проценти, веќе во голем дел од земјите е помеѓу 4 и 6 проценти- објаснува  д-р Петров кој дополни дека вчера се реализирани над 200 бесплатни прегледи, нагласувајќи  дека и во иднина треба да се организираат вакви превентивни мерки.

Според него порано  се дијагностицирал еден меланом на неколку недели сега  речиси секоја недела.

-Бесплатни дерматолошки прегледи  ги реализиравме,  се обединивме и од приватното и од државното здравство и ова е модел кој треба да го практикуваме во иднина. Мотото е да се “заштитиме од сонцето“, додаде д-р Петров.

Настанот се одржа  со поддршка на Министерството за здравство, а заменик министерот Владимир Рендевски  кој беше дел од превентивните прегледи во Граскиот парк во Скопје рече дека според статистичките податоци, еден од пет пациенти се детектира во подоцна фаза од болеста.

Ракот на кожата е меѓу најчестите и најоптоварувачките видови на рак во Европската Унија. Во 2020 година, на над 106.000 граѓани на ЕУ

им бил дијагностициран меланом што го прави шести најчест вид на рак и една од дваесетте најчести причини за смрт од рак.

(В..Ма.)