Д-р Лазаров за неодговорното однесување на младите: „И ја утре треба да влезам во скафандер и на 35°c да прегледувам “прехладени” тинејџери што биле на викенд во Охрид“

483

Уште од почеток на прогласувањето на пандемијата, доктор Ненад Лазаров, апелира на почитување на мерките во борбата со коронавирусот. Овојпат преку Фејсбук статус се осврна на неодговорното однесување на младите кои летуваат на Охрид. Таму ситуацијата изминатите денови е надвор од контрола.

„И ја утре треба да влезам во скафандер и на 35°c да прегледувам “прехладени” тинејџери што биле на викенд во Охрид, а што ќе ми ги носат загрижени мајки заради 37.1 температура?, пишува д-р Лазаров во својот статус на Фејбук.
И да, ќе има има реконвалесценти од акутни алкохолни интоксикации а не стомачни вируси и тровања со храна, без блефирање.

Не се прехладени “децата”, “пресисани” се!

Каков примитивизам видов од млади луѓе, само нагони ги водат, со чесни исклучоци…
Напрајте и по некој тест на урина, не се пие толку алкохол “на голо”, премногу пари им давате очигледно.

Bad parenting викаат Енглезите, си ги гледате ли како ви се облечени децата воопшто, ако ништо друго?

После ви е крива инспекција, полиција, здравство, сѐ ви е криво за вашиот личен неуспех ко родители, зошто така е полесно!

Па и ја што сум бил у таверна со жена и дете ќе ви бидам крив, само вие не!, напиша Лазаров.