Д-р Здравковиќ: Миокардитис, мозочна магла, опаѓање на косата… дел од постковид синдромот 

1010

ПРЕЛЕЖАНИТЕ ОД КОВИД-19 СЀ ПОЧЕСТО СЕ ЖАЛАТ НА ПОСЛЕДИЦИ

Според кардиологот, доцент д-р Марија Здравковиќ, директор на Клиничкиот центар „Бежаниска коса“, во Белград, пациентите најчесто им се жалат дека ја прележале болеста, но сè уште се чувствуваат лошо како да се уште болни. Кај некој од нив се појавува и температура, иако ПЦР-тестот е негативен. Таа препорачува, по прележувањето на короната, најмалку три месеци да не се прават никакви интервенции, оти имунитетот е намален и можни се компликации. Во овој клинички центар од почетокот на пандемијата до сега се лекувале болнички и амбулантски 30.000 пациенти со коронавирусот

 

Премаленост, умор, температура, дијареја, повраќање, главоболки,несоници,  грчеви во стомакот, тахикардии, осип на кожата, намален слух, болки во ‘рбетот и во други делови од телото, болки во зглобовите, тешко дишење, краток здив, вртоглавици и несвестици…

Долг е списокот на состојби низ што поминуваат пациентите кои ќе прележат ковид-19. Лекарите тоа го нарекуваат постковид синдром  и препорачуваат да се продолжи со лекувањето.

Пациентите најчесто им се жалат дека ја прележале болеста, но сè уште се чувствуваат лошо како да се уште болни. Кај некој од нив се појавува и температура, иако ПЦР-тестот е негативен.

Според кардиологот, доцент д-р Марија Здравковиќ, директор на Клиничкиот центар „Бежаниска коса“, во Белград, пациентите најчесто им се жалат дека ја прележале болеста, но с уште се чиствуваат лошо како да сè уште болни. Кај некој од нив се појавува и температура  иако ПЦР-тестот е негативен. Во овој клинички центар од почетокот на пандемијата до сега се лекувале болнички и амбулантски 30.000 пациенти со коронавирусот.

– Имаме огромно искуство во лекување на болните од коронавирусот. Искуствата ги систематизиравме и направивме база на податоци, па според тоа ги следевме пациентите. Забележавме дека тие ни се враќаат и кога со ПЦР се негативни со сериозни тегоби и со тоа станавме прв центар во Србија за следење на сериозните последици кај пациентите кои прележаа ковид-19 и добија постковид компликации. Короната е еден вирус кога ќе помине низ нашето тело комплетно опустошува се, не само одбранбените системи, туку го нарушува и кардиоваскуларниот систем, регулацијата на притисокот, пулсот и дишењето и поминува низ сите наши мускули, вклучително и на срцевиот мускул и поминува и низ нашите нерви, рбетните нерви и последните истражувања на американските лекари велат дека поминува и низ централниот нервен систем и влијае на нашата концентрација, психата, на меморијата, неможноста да се памети. Ова особено е присутно кај децата, кои иако поминуваат со лесна клиничка слика, имаат проблеми со учењето што трае најмалку 4 недели по прележувањето на короната. – објасни д-р Здравковиќ, при гостувањето во специјализираната емисија РТС-Ординација.

Според неа, тоа се нарекува мозочна магла и во оваа состојба лицето  не може брзо да реагира, при што е особено важно да се има предвид за некој професии како што се возачите, пилотите и контролорите на летање.

По прележувањето на короната, маската треба да продолжи да се носи оти лицето е поосетливо и на други вируси. На пример вирусот на грип може да направи тешки форми на заболување. Но осетливите и на други инфекции, затоа што имунитетот е паднат и затоа треба да се заштитите, смета д-р  Здравковиќ .

Таа препорачува по прележувањето на короната најмалку три месеци да не се прават никакви интервенции, оти имунитетот е намален и можни се компликации.

Миокардитис или воспаление на срцевиот мускул е најчесто проблем што го имаат пациентите кои го прележале коронавирусот, како посериозна последица.

-Короната прави оток на одреден дел од срцевиот мускул и тој е толку мал што најчесто не може да се види на ултразвук, ама дава аритмија. Препорака е да се направи дијагностика и да се одреди терапија што ќе ја примаат пациентите. Притоа треба и да се мирува – вели д-р Здравковиќ.

Таа укажува дека миокардитот на срцето се потврдува само со  методот на магнет на срцето, а доколку е во напредна фаза може и со ехо на срце.

-Една од последиците на коронавирусот е и опаѓање на косата, на коешто ние жените сме многу осетливи. За среќа тоа трае од три до шест месеци. Короната ја напаѓа и штитната жлезда, што е карактеристична за помладите пациенти- објаснува д-р Здравковиќ.

Д-р Здравковиќ препорачува на болните од коронавирусот за да имаат помалку последици да земаат повеќе витамини како што се  Ц, Д, цинк и селен, но и по оздравувањето да продолжат со овие витамини, а да дополнат со  магнезиум и  Б-комплекс.

-Да се шета на чист воздух,  да се вежба, особено вежбите за правилно дишење – посочи д-р Здравковиќ 

Таа препорачува редовно да се оди на контрола по прележувањето на заразата, бидејќи повеќето од последиците можат да се излекуваат.

Засега, најдобриот третман е да се применуваат здрави навики на живеење, добра исхрана  и квалитетен сон за да му помогне на организмот побрзо да закрепне. Да се избегнува тутун и алкохол.

(В.Ма.)