Д-р Беќаровски: ОМИКРОНчето до 1 јануари ќе се претвори во микронче

928

Доктор Нико Беќаровски смета дека новиот сој на коронавирус кој прави паника во светот до крајот на годината ќе ја изгуби силата. Тој на својот фејсбук профил ја објави својата прогноза и желба во врска со омикрон сојот на корона вирусот.

„На 33 дена пред Новата 2022 година да си ја кажам мојата новогодишна желба и прогноза:
ОМИКРОНчето кое деновиве прави МАКРО паника, до 1 јануари да/ЌЕ се претвори во вистинско микронче. (позаразно, ама О или МИКРО летално). Да си го оправда името”, напиша Беќаровски.

Тој додава дека секој ден се повеќе верува дека желбата ќе му се оствари.