Д-р Беќаровски: Ковид-19 остава последици на дишењето, но и со плодноста

387

Нема орган којшто не е зафатен кај пост-ковид синдромот, а најголем процент од зафатеноста е врз белите дробови. Вирусот проаѓа, но тоа ткиво не може да се врати во нормала, објаснува д-р Нико Беќаровски.

– Нема орган којшто не е зафатен кај пост-ковид синдромот, а најголем процент од зафатеноста е врз белите дробови. Вирусот проаѓа, но тоа ткиво не може да се врати во нормала. Ако претходно сме имале 100 проценти витален капацитет, зависно од оштетувањата, тој капацитет по прележувањето на короната е намален. Човек којшто не може да внесе доволно кислород, полесно се заморува и потешко дише. Исто така, кај голем број пациенти има воспаление на срцевиот мускул. Оние пациенти коишто прележаа ковид-19 имаа проблем со регулација на шеќерот, односно ако претходно било доволно 12, 16 или 18 единици да се регулира шеќерот, сега се потребни многу повисоки дози. Уште една работа која треба да се спомне е тоа што повеќе студии докажаа дека кај пациети со прележана корона, бројот на активни сперматозоиди е петкратно намален. Ако претходно имале еден милион, сега имаат 200.000 – објасни д-р Беќаровски.