Д-р Беќаровски: Денес дознав дека скафандерот може да служи и контаминирано лице да шета низ здрава средина

6913

Откако денеска во Собранието, пратеничка на владеачката СДСМ дојде да гласа на седница, облечена во скафандер, бидејќи е позитивна на Ковид – 19, на Фејсбук се огласи докторот Нико Беќаровски.

„Мене ме учеа дека медицинскиот скафандер служи здраво лице безбедно да влезе и излезе од контаминирана средина.

Денес дознав дека можел да служи и контаминирано лице да шета низ здрава средина.

Замислете утре преку 20.000 да се рашетаат низ градов, ќе личиме на вселенска станица“, напиша докторот на својот профил.