Традиционално Амбасадата на Обединетото Кралство организира свечен прием по повод роденденот на кралицата Елизабета Втора во Музејот на современа уметност во Скопје.

Овој прием секоја година е многу посетен од познати и не толку познати личности од друштвениот живот, како и од дипломатскиот кор – секогаш има добра храна, добро друштво и добар муабет и тоа на сите јазици.

Сите досегашни британски амбасадори биле добри домаќини, а традицијата ја продолжи и новата амбасадорка Рејчел Галовеј.

фото: П. Стојановски