Душко Весковски води во Карпош, Стевче Јакимовски со предност пред Зафировски

284

Кандидатот на СДСМ, Душко Весковски, актуелен директор на скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“ и поранешен организациски секретар на владејачката партија, води во скопската општина Карпош според првичните информации од СДСМ.

Кандидатот на ГРОМ и поранешен градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски пак води пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Зафировски.

Според првичните информации од СДСМ, Весковски досега има 2100 гласа, Јакимовски 1.500, а  Зафировски 1350 гласа.

Освен во Карпош, СДСМ водство има и во Берово и Делчево.