Воопшто не беше залуден бесот на шпанскиот ракометен стручњак на клупата на полскиот ракометен шампион Киелце, Талант Душебаев. Тој збесна на мечот против Висла Плок поради повредата на неговиот помлад син Даниел Душебаев.

По 18 одиграни минути на дербито меѓу Келце и Висла, мечот заврши за двајца Душебаеви. Даниел Душебаев по еден навидум неопасен дуел, изместен од баланс се најде на подот, а потоа со помош на соиграчите беше изнесен од терен и веќе не се врати во игра. Истовремено, Талант Душебаев урлаше на записничката маса, доби црвен картон и потоа продолжи со војната од трибините.

Деталните лекарски прегледи покажаа дека Даниел го скинати вкрстени лигаменти на коленото, на левата нога на која имаше слична повреда. Тој заминува за Шпанија на операција. За него сезоната е завршена.