Кевин Дурант го напушта тимот на Бруклин и ја продолжува кариерата во Портланд. Тој се сели кај Демиен Лилард, со кого ќе формира ново ѕвездено дуо, а за возврат Бруклин ќе ги добие Џош Харт, Енфирни Симонс, Насир Литл и тројца идни пикови од првата рунда на драфтот.

Со овој трејд се најавува распадот на Бруклин. Пред само половина година, во овој тим играа Дурант, Харден и Ирвинг. Брадата замина во Филаделфија, а и Кари се подготвува за преселба во Лејкерс.

За шпекулациите сосема да се разгорат, Лилард објави на својот инстаграм-профил фотографија на која стои покрај новиот соиграч.