НБА лигата влегува во нова ера. САмо вака би го опишале случувањето од првиот ден на трансфер рокот, во кој бројни асови ја променија средината, а започна и создавање на нова династија.

Секако, најважна вест од најсилната лига во светот е дека МВП играчот од последните две Светски првенства, Кари Ирвинг и Кевин Дурант ќе играа во ист тим. Двајцата се опростија од Бостон, односно Голден стејт и наредната сезона ќе настапуваат во Бруклин. Колку биле желни за нова авантура најдобро говори фактот дека двајцата се откажаа од максимален договор се со цел да му се приклучан на Деандре Џордан, кој исто така од Њујорк се пресели во Бруклин.

Бруклин подготви 164 милиони за Дурант, за наредните четири сезони, а во истиот период Ирвинг ќе заработи 141 милион. Должината на договорот на Џордан не е обелоденета, но американските медиуми сметаат дека неговиот договор ќе изнесува десет милиони долари по сезона.

Кемба вокер исто така обезбеди договор од 141 мил. долари, но не во Шарлот во кој играше, туку во редовите на Бостон, каде се ослободи место поради заминувањето на Ирвинг.

Со заминувањето на Дурант, Голден стејт се обиде да надомести со потпис на Деанџело Расел од Бруклин, но неговиот договор од 117 милиони не е ниту приближно доволен да се вмеша во најголемото спортско – финансиско случување од минатата ноќ.

Имено, Клеј Томпсон остана верен на „воините“, кои ќе му дадат дури 190 милиони долари за наредните четири сезони.

Од останатите, Тобијас Херис, се „зацементира“ во Филаделфија, добивајќи договор од 180 милиони за наредните пет години. Крис Мидлтон ја продолжи соработката со Милвоки, а во наредните пет години ќе заработи 178 милиони.