Голманот на Металург, Даниел Дупјачанец, и во наредните две години ќе биде дел од тимот од „Автокоманда“ Капитенот на тимот, своите успешни настапи денеска ги круниса со нов двегодишен договор.

Дупјачанец беше еден од нашите поединци во тимот на Металург сезонава. Особено за паметење е финалната средба со екипата на Вардар во Купот на Македонија во Куманово, во 2019 година, кога Дупјачанец го одигра својот најдобар натпревар во нашиот дрес и имаше најголем допринос при освојувањето на титулата, бидејќи нанижа 16 одбрани во регуларниот дел, а потоа ги одбрани ударите на Чупиќ и на Дибиров во пенал-серијата.

Покрај потписот на Дупјачанец, Металург е во потрага по уште еден голман, бидејќи досегашниот чувар на мрежата, Даниел Ѓорѓески, се реши за интернационална кариера и ќе настапува за екипата на Будакалас во првенството на Унгарија.

Фото: РК Металург