Думфрис како десен бек

89

Лондонскиот премиерлигаш Челзи е последниот клуб кој покажа интерес за холандскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Интер, Дензел Думфрис. Офанзивниот бек сигурно ќе ја промени клупската средина на крајот од актуелната сезона, а британските медиуми открија дека челниците на лондонските „сини“ се подготвени да одвојат околу 30 мил. фунти за неговото обештетување.