ДУИ ќе ги редуцира партиските активности поради корона вирусот

119

Интегративците на Али Ахмети ќе ги редуцирааат партиските активности во неопределен период заради спречување на ширењето на корона вирусот, информираше денеска Бујар Османи од позиција на портпаролот на ДУИ.

На истата прес конференција, министерот за образование Арбр Адеми  и заменик министерот за здравство Арменд Арслани во партиското седиште на ДУИ во Скопје информираа за активности на Министерството за образование и Министерството за здравство

На прашање на новинарите зашто владини функсионери држат прес од седиштето на ДУИ, вицепремиерот Бујар Османи одговори дека тука се за да известуват за партиската одлука, а министрите се повикани во својство на партиски секретари.