Екипата на Дуделанж славеше со неверојатен пресврт против македонскиот шампион Шкендија на арената „Тодор Проески“ во Скопје, во рамки на првиот меч од второто коло во Лигата на Европа.

Со два погодоци за само четири минути Дуделанж дојде до посакуваната предност од 1:2 против Шкендија, пред се поради грешките на младиот голман на тетовци, Беким Реџепи.

Прво во 64. минута Реџепи дозволи да го прелета една топка испратена речиси од противничкиот шеснаесетник за лесен погодок и израмнување на Дуделанж, а четири минути подоцна со аматерска реакција на голманот на тетовци направи прекршок за пенал кој го реализираше Синани за 1:2. Претходно, во седмата минута Шкендија поведе со гол од пенал, чија реализација беше на Агим Ибраими.

ФОТО: Наке Батев