Другарките Ирена Спасовска и Адријана Алачка:Во бањарки после пливањето наздравуваат за победникот на изборите!

916

Без разлика за кого тие гласале, а гласањето е завршено, Ирена и Адријана со ладно пивце му наздравуваат на победникот, откако градно ја испливале својата маршрута за одржување на кондицијата.

Најсилно наздравува Ирена Спасовска која живее од музиката, од свирките, кафеаните, забавите, прославите…, а кои ги нема откако владее коронавирусот. Таа цврсто се надева дека новата влада, сега после изборите, ќе најде брз спасоносен начин естрадата да продолжи, да живне, од таму кај што застана.

Спасовска е вечен оптимист, како и Адријана која откако ја напушти естрадата пред многу години својата професионална среќа ја најде во храната, во организации на светски познатиот “Гастро-Мак“ и во ТВ-емисијата “Вкусот на традицијата“ која и сега преку лето ја гледаме на ТВ Алфа.

Инаку, за оние кои веќе заборавиле, и двете беа дел од успешното музичко-пејачко дуо заедно со своите (поранешни) сопрузи како дел од нивниот бенд. По распаѓањето на групата, секој тргна по својот пат, па едно време пејачките немале комуникација, но лошиот период е зад нив.

Денес се тие одлични другарки кои секако имаат време за заедничка релаксација, заеднички кафе-муабети и за заеднички спортски активности, најмногу сакаат да пливаат, со што покрај здравата храна, придонесува да изгледаат и за дваесетина години помлади. Што би се рекло, успешни жени во секој поглед.                          Д.М./фото:Инстаграм, Јутјуб, ФБ/