Ни претстои зимски преоден рок, но вистинската возбуда сигурно не чека дури следното лето.

Договорите на многу играчи истекуваат на крајот од оваа сезона, па би можеле да ги напуштат своите клубови целосно бесплатно, доколку не ги продолжат или си заминат уште во јануари.

Убедливо најскап на листата е Килијан Мбапе од ПСЖ (160 милиони евра) кој, многу веројатно, ќе го засили Реал Мадрид.

Со 70 милиони евра, следен на листата е Федерико Киеза од Јувентус, потоа Франк Кеси (Милан) и Пол Погба (Манчестер Јунајтед) со 55 милиони, додека вредноста на Усман Дембеле (Барселона), Антоан Гризман (Атлетико Мадрид) и Пауло Дибала (Јувентус) се проценети на 50 милиони евра.

Меѓу големите ѕвезди чиј договор исто така се издвојува се Лоренцо Инсиње (Наполи), Алваро Мората (Јувентус), Никлас Шуле (Баерн), Антонио Рудигер (Челзи), Андреа Белоти (Торино)…