За само неколку часа тројца кошаркари го откажаа својот настап на Светското првенство во Кина, поради што селекторот на САД, Грег Попович, уште од сега си има мака да го склопи списокот.

По откажувањето на Бредли Бил од Вашингтон, истото го направија и првиот пик на НБА драфтот, Зајон Вилијамсон, како и Тобијас Херис. Причината поради кој Бил нема да оди во Кина е желбата да остане со својата бремена сопруга, додека Вилијамсон и Херис посакуваат да се подготват што подобро за наредната натпреварувачка сезона.

Во претходните денови се „одјавија“ и Џејмс Харден, Ентони Дејвис, Ерик Гордон и Си Џеј Мекалум. Исто така и Леброн Џејмс нема да биде дел од селекцијата на САД за претстојното СП, откако „Кралот“ уште пред неколку месеци го откажа својот настап.

Поповиќ и неговите соработници веќе започнале да параат замена за отсутните кошаркари, па веќе се во преговори со четворица кошаркари: Д‘Анџело Расел (Голден Стејт), Арон Гордон (Орландо), Маркус Смарт и Џајлен Браун (Бостон).

Подготовките на САД треба да започнат на почетокот од август.