Државниот секретар во МНР, Димовски на 13. состанок на националните координатори на Процесот 16 плус 1

61

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски, ја предводеше делегацијата на Република Северна Македонија вчера во Загреб 13. состанок на националните координатори на Процесот за соработка меѓу НР Кина и земјите од Централна и Источна Европа (Процес 16+1).

Состанокот беше фокусиран на активностите за подготовка на 8-от Самит на шефови на Влади на Процесот 16+1 кој ќе одржи во април 2019 година во Дубровник.

Димовски, се осврна на досегашните и тековните активности на Република Северна Македонија во рамките на Процесот 16 + 1, отворањето на Центарот за културна соработка во Скопје, одржувањето на 5. Симпозиум на Think Thanks и потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу МАНУ и Кинеската академија за општествени науки.

Тој, како што соопшти МНР, информираше и за подготовките за претстојната, четврта по ред Конференција на министрите за култура на земјите членки на овој Процес, која ќе се одржи од 19 до 21 ноември во Скопје.

На маргините на состанокот Државниот секретар Димовски оствари средби со националните координатори на НР Кина и Хрватска, Ванг Чао и Здравка Бушиќ.