Државите „трупаат“ злато во трезорите, соборен рекорд стар 48 години

73

Побарувачката на централните банки за злато се зголемила во минатата година на највисоко ниво од 1971 година. Централните банки во текот на 2018 година купиле 651 тони злато, што во однос на 2017 година е зголемување за дури 74 отсто.

На тој начин централните банки обезбедиле околу 34 илјади тони моментални резерви на злато, што претставува највисоко ниво на осигурување во последните 48 години, пишува Новац.хр.

„Купувањето злато ќе им помогне на банките да ги диверзифицираат своите девизи во време на политичка нестабилност и сигнализираат зголемена доверба во вредноста на златото“ – се наведува во анализата на Блумберг.

Освен политичките ризици, некои аналитичари сметаат дека причината за зголемената побарувачка за златото лежи и во стравот од избивање на нова светска финансиска криза.

Најактивни пазари за купување на злато минатата година биле руската и турската централна банка кои купиле 273 тони, односно 51 тон злато. Однесување на руската централна банка се поврзува со планот таа институција додатно да ја намали изложеноста спрема доларот за да се амортизираат санкциите кои САД и европските сојузници ги воведоа кон Москва.

Цената на златото на светските пазари порасна во последните три месеци за девет отсто на моменталните 1.321 долари за унца.