Државата со најголема минимална плата во ЕУ ја зголеми на над 2.100 евра

90

Законската минимална плата во Луксембург од 1 јануари годинава е зголемена и сега надминува 2.100 евра месечно. И пред ова зголемување Луксембург беше држава со највисока минимална плата во Европската унија.

Паралелно со промената на висината на минималната плата, забележано е и зголемување на социјални приходи во Луксембург.

Минималната плата за возрасно лице без квалификации е зголемена од 2,09 илјади евра на 2,14 илјади евра. Минималниот за квалификувани работници е 2,57 илјади евра, што претставува зголемување од околу 63 евра во однос на претходниот период.

Се зголемува и заработувачката на младите: за учениците на возраст од 15 до 17 години, минималната заработувачка е 1,6 илјади евра, што претставува зголемување од 39 евра. За учениците на возраст од 17 до 18 години, минималната заработувачка е 1,7 илјади евра, или 42 евра повеќе.

Минималната пензија исто така е зголемена на 1,89 илјади евра месечно.