„Дрво“ кое ѕвони: Распеана скулптура го краси брдото Пенин во Британија
„Распеаното дрво кое ѕвони“ или Singing Ringing tree е метална структура која го краси брдото Пенин и гледа на Бернли во Ланкшир во Велика Британија. Оваа структура е изградена во 2006 година и е дел од серијата скулптури паноптикон уметност, чија задача е да ја претстави ренесансата на 21 век. Необичноста на ова „дрво“ е што во полн сјај се прикажува само кога е ветровито. Во конструкцијата која е направена од шупливи цевки, во ветровитите денови се создава меодија која одѕвонува во околината.