Дрвокрадци нападнале пет полицајци во Велешко, двајца се потешко повредени

93

Двајца полицајци од СВР Велес вечерва се потешко повредени откако со колегите биле нападнати од дрвокрадци кај велешкото село Степанци.

Како што пренесе ТВ21, еден од полицајците има отворена повреда на главата, а другиот повреда на стомак.

Повредените полицајци се пренесени во болницата во Велес, а повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Со реакција се јавија и од Грански Независен Синдикат на Полицијата од каде најавија подетални информации на прес конференција закажана за утре.