Драмската група „Дон Кихот“ со прво место од фестивалот во Банско

203

Драмската група „Дон Кихот“ од Гевгелија, синоќа се врати од бугарскиот град Банско каде што го освои првото место во театарската конкуренција на уметничкиот фестивал „Утринска ѕвезда“.

Годинава, во многу силната конкуренција на престижниот фестивал, аматерската драмска група „Дон Кихот“ од Гевгелија го освои првото место со претставата „Како да се ограби банка“, во режија на Катица Џишева-Дупарова и продукција на Домот на културата од Гевгелија.

– Уште еднаш нашите членови го покажаа раскошниот талент и професионализам кој очигледно е пресуден за освојување награди на фестивалите, но и потврдија дека со право се добитници на сребрената плакета по повод празникот на општина Гевгелија – велат од раководството на „Дон Кихот“.

Изминативе пет дена, на фестивалот во Банско, 2.500 деца од земјава, Грција, Украина, Шпанија и Бугарија, пред стручно жири го презентираа својот уметнички талент во осум различни области.