Светскиот тениски рекет Новак Ѓоковиќ, само од наградни фондови има заработено 123 милиони долари, затоа и не чуди фактот што има недвижности во целиот свет.

Тој многу сака да престојува во САД, а тоа го покажува податокот дека таму има дури три недвижности. Неодамна го продаде големиот стана во Њујорк, бидејќи физички не може да биде на сите страни во светот одеднаш. Во Мајами Бич има голем луксузен стана, од кој често објавува фотографии на друштвените мрежи неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ.

Но, утринава низ цела Америка се рашири информацијата дека изгорела до темел цела зграда и не се знае бројот на загинати лица. Станува збор за зграда во Мајами, која се наоѓа спроти зградата во која српскиот тенисер има стан, но не е познато дали и неговата зграда била зафатена од големиот пожар.