Драма во Босна и Херцеговина: Ја затекнал сопругата во куќата со двајца мажи, се заканувал дека ќе ги убие сите, таа повикала полиција

317

Лицето К.З. (36) дошол пред семејната куќа Сански мост, Босна и Херцеговина, каде го пресретнала заклучена врата.

Тој удирал по вратата и се заканувал дека ќе го убие К.С. (34), но во страв немала храброст да ја отклучи вратата и да го пушти во куќата.

Како што пишува Cazin.net, во куќата покрај К.С. (34), биле двајца мажи со иницијали К.Е. (30) и С.Е. (35).

Полицијата пристигнала на местото на настанот и го затекнала К.З. (36) со шрафцигер во рака.

Тој се заканувал дека ќе ги убие сите во куќата кога полицијата си заминала.

Полициски службеници го уапсиле К.З. (36) и го привеле во просториите на Полициската станица Сански Мост.