Драма во авион: Патничка се обидела да ја отвори вратата од авионот на сред лет – Исус и рекол да го стори тоа

108

За патниците од Хјустон до Колумбус летот во саботата можел да стане смртоносен кога патничка се обидела да ја отвори страничната врата на авионот среде лет.

Жената, идентификувана како Елом Агбегнину (34), се турнала пред стјуардесата и се обидела да ја отвори вратата од авионот, но во тоа била спречена од патник, додека пилотите го пренасочиле авионот, обидувајќи се да направат принудно слетување.

Наместо во Колумбус, авионот слетал на националниот аеродром Бил и Хилари Клинтон во Арканзас, за да можат федералните агенти да ја преземат патничката.

Судските документи објавени од Окружниот суд на САД за источниот округ Арканзас откриваат дека инцидентот започнал кога Агбегнину станала и тргналакон задниот дел на авионот.

Таа стоела и гледала во вратата додека персоналот не ја замоли да оди во тоалет ли да се врати на своето место. Жената го одбила барањето на стјуардесата и останала таму каде што е, по што ја турнала стјуардесата и почнала да ја влече бравата за да ја отвори.

Според информациите, мажот кој скокнал да ја запре бил гризнат неколкупати за ногата, а медиумите јавуваат дека откако жената престанала да го гризе мажот, почнала да ја удира главата во подот од авионот.

Документите откриваат дека таа имала бизарно објаснување за своите постапки: „Исус ѝ рекол да лета за Охајо и да ја отвори вратата од авионот“.

– Летот 192 кој патуваше од Хјустон до Колумбус беше безбедно пренасочен кон Литл Рок откако нашиот екипаж забележа нарушувачко однесување од патниците на летот. Локалните власти во Литл Рок го пречекале авионот и ја собрале патничката. Авионот потоа полетал безбедно и слетал на првобитната дестинација – Колумбус, Охајо – соопшти авиокомпанијата.