ДРАМАТИЧНО Е ВО ГЕРМАНИЈА: Болниците се преполни

305

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан изјави дека само нагло намалување на социјалните контакти може да го прекине четвртиот бран.

– Ситуацијата во Германија е подраматична од кога било досега за време на пандемијата, предупредувајќи дека само остриот пад на социјалните контакти може да го прекине четвртиот бран, посочи Шпан.

Тој истакна дека сега е потребно да се преземат одлучни мерки или во следните недели ќе бидат целосно ограничени контактите меѓу луѓето.

– Сè што нема да одлучиме сега, сè што нема доволно да го намалиме во однос на контактите, ќе бара подрастични мерки за две или четири недели. Тоа е нашиот апел, да се ограничат контактите, нагласи Шпан.