До 15 часот, дел од улицата „Даме Груев“ ќе биде затворена поради реконструкција

110

Улицата „Даме Груев“, на потегот од раскрсницата со улица „Македонија“ до улицата „11 Октомври“ денеска од 8 до 15 часот ќе биде затворена поради асфалтирање на улицата, известуваат од Јавното претпријатие „Улици и патишта“ – Скопје.

– Поради изведба на градежните активности на овој потег ќе бидат затворени двете коловозни ленти и обележани со соодветна сигнализација, информираат од претпријатието.