Грчкиот тенисер Стефанос Циципас, ја одбрани титулата во Монте Карло со победата над Алехандро Давидович Фокина. Тој игра во одлична форма и смета дека ако го задржи ова ниво ќе обезбеди високо место на АТП листата на крајот од годината.

-Горд сум на успехот во Монте Карло. Покажувам високо ниво на самодоверба во мојата игра. Понекогаш се сомневам во себе и своите квалитети, па тешко е да ја задржам главата горе. Ако продолжам да победувам со ова ниво на игра, мислам дека на крајот од годината ќе завршам на едно од првите две места на светската ранг листа, вели Циципас.

Циципас (23) досега се радувал на осум титули во кариерата, четири од нив на земјена подлога.